Радмила Шалиќ Макреска, вонр. професор во ИЗИИС на генералното собрание на EFEHR (The European Facilities for Earthquake Hazard and Risk) кое се одржа на 11 октомври оваа година, беше избрана за член на извршниот комитет. Членството на ИЗИИС во EFEHR како партнер институција од Македонија и ангажманот во управувачките тела ќе допринесе за зајакнување на националните и регионалните капацитети во доменот на сеизмичкиот хазард и ризик.