




Во духот на одбележувањето на 60 години од основањето на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС, од срце упатуваме длабока благодарност кон сите генерации што го градеа овој институт.
На нашите пензионирани колеги и минати генерации – за визијата, знаењето и посветеноста со кои ги поставија темелите и го трасираа патот по кој денес чекориме.
На сегашните вработени и соработници – за секојдневниот труд, стручност и преданост што ја одржуваат релевантноста и угледот на ИЗИИС на национално и меѓународно ниво.
На идните генерации – студенти, истражувачи и професионалци, кои ќе продолжат да ја негуваат нашата мисија и ќе ја водат институцијата во нови предизвици и хоризонти.Посебна благодарност до добитниците на плакетите за нивниот децениски придонес во развојот на ИЗИИС – Претседателот на Р.С. Македонија, Ректорот на УКИМ, Министерството за образование и наука, Министерството за транспорт, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за култура – Канцеларија на УНЕСКО, UNDP – Програма за развој на Обединетите нации.Топла благодарност и до сродните Градежен и Архитектонски факултет при УКИМ, од кои произлегуваат најмногу од нашите кадри и студенти, како и до ЕАЕЕ (Европската асоцијација за земјотресно инженерство) преку која – од првиот симпозиум во Скопје во 1964 година па сѐ до денес – земјотресното инженерство се афирмира на европско и глобално ниво.Исто така, искрена благодарност до сите министерства и општини, институти и факултети, компании, меѓународни организации, амбасади, комори, невладини организации, медиуми, алумни и сите присутни кои беа дел од свечената академија. Вашето присуство и поддршка го направија настанот навистина посебен и незаборавен.Благодарност и до мешаниот хор „Драган Шуплевски“ при Факултетот за музичка уметност во Скопје под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски за свеченото изведување на химните и секако посебна благодарност до големиот маестро Симон Трпчески, чија изведба беше вистинска кулминација на вечерта.ИЗИИС живее преку луѓето. Преку сите вас.Заедно продолжуваме да го градиме патот на знаењето, иновациите и отпорноста.