Побезбедни училишта за поотпорна иднина!

By in
Побезбедни училишта за поотпорна иднина!

Во изминатите неколку денови, стручен тим на ИЗИИС реализираше теренски посети во основните и средните училишта во Македонска Каменица, Делчево, Берово и Пехчево, во рамките на проектот EARTHBUILD – Making Critical Buildings in the Western Balkans More Resilient.Посетите беа насочени кон прибирање податоци и согледување на состојбата на училишните објекти, како важен чекор кон создавање побезбедна и поотпорна образовна инфраструктура.🌍 Проектот, поддржан од Japan International Cooperation Agency (JICA), е чекор кон подобро разбирање на состојбата на училишните објекти и кон зајакнување на нивната отпорност на земјотреси.За побезбедни училишта. За поотпорни заедници. За посигурна иднина. 🇲🇰🇯🇵