На 23 Мај 20204 година во просториите на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС се одржа работилница на тема “Seismic Assessment and Retrofitting of Masonry Preserved Structures”, во организација на Европскиот центар за повредливост на индустиски и витални системи (ECILS) и Европскиот центар за превенција и предвидување на земјотреси (ECPFE) , во рамки на активности финансирани од Советот на Европа, (ЕUR-OPA Major Hazard Agreement).
На работилницата ескперти од Грција го презентираа новиот Пропис за проценка и конструктивни интеренции на ѕидани конструкции – ΚΑΔΕΤ, донесен во Република Грција во 2023 година како одговор на долготрајната потреба за постоење на правна рамка во полето на сеизмичка заштита на историските објекти и надминување на недостатокот на научен консензус за многу отворени прашања. На работилницата беа презентирани исто така и искуства од регионот.