Професор д-р Вероника Шендова
Образование:
Доктор по тенички науки од областа на земјотресно инженерство, (1998) – Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, УКИМ-ИЗИИС, Скопје
Магистер по технички науки од областа на земјотресно инженерство, (1988) – Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, УКИМ-ИЗИИС, Скопје
Дипломиран градежен инженер, (1984) – Градежен Факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
Позиција:
Академска:
Редовен професор (2008-) на втор циклус на студии (Нелинеарност кај градежни материјали; Ѕидани конструкции; Основи на санација и зајканување на конструкции на згради) и на трет циклус на студии (Современи инженерски материјали; Проектирање на сеимзички отпорни конструкции на згради; Земјотресна отпорност на постојни згради; Санација и зајакнување на конструкции на згради; Дијагностика и следење на состојбата на изведени конструкции)
Професионална:
Член на Националнаta Комисија за УНЕСКО на Република Севена Македонија (2024-); Потпретседател на Националниот комиитет на ИКОМОС во Република Северна Македонија (2021-); Член на РГ6 при ТК40 Еврокодови и Национални анекси при ИСРСМ (2019-); Управител на Европски центар за повредливост на индустриски и витални системи ЕЦИЛС (2019-); Раководител на оддел Конструкции на зград и материјали и член на Институтска управа (2007-2024); член на Научниот колегиум за втор циклус на студии на ИЗИИС (2017-2024); член на комисијата за самоевалуација на ИЗИИС (2020-2024); член на комисијата за акредитација на втори и трет циклус на студии пр ИЗИИС, (2023); член на Школата за докторски студии при УКИМ (2016-2023); Национално контакт лице за приоритет„Spreading of excellence and widening of participation”, EU Horizon 2020 (2014-2021), Координатор на Интернационалниот курс по асеизмичко проектирање и градба – CADAC (2003-2007)
Работно искуство:
35 години искуство во истражување, едукација и апликација во областа на земјотресно инженерство со фокус на анализа на сеизмичка отпорност на конструкции на постојни објекти, со значителен број на трудови публикувани на интернационални конференции и стручни списанија, учество во неколку интернационални истражувачки проекти (финансирани од Tempus, FP7, Phare, COST, H2020, Светска банка), со особен интерес и експертиза во областа на заштитата од земјотреси и промоција на објектите од културно историското наследство
Награди:
ДГКМ награда за најдобро научно-истражувачко достигнување во конструктивното инженерство (1998); Државна награда „Гоце Делчев“ за научни достигнувања во Република Македонија (2004); УКИМ награда за придонес во развојот и афирмацијата на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (2005); ДГКМ награда за најдобор научно-истражувачко достигнување во областа на проектирање (за Главен проект за изгрдба на црквата Св. Богородица во Скопје) (2005)