Покането предавање на реномираниот експерт Prof. Dr. Kyriazis Pitilakis

By in ,
Покането предавање на реномираниот експерт Prof. Dr. Kyriazis Pitilakis

На 28 мај 2025 година, во свечената сала на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамки на одбележувањето на 60-годишниот јубилеј на ИЗИИС, се одржа поканетото предавање на реномираниот експерт Prof. Dr. Kyriazis Pitilakis, професор емеритус при Aristotle University of Thessaloniki од Грција и потпретседател на Европската асоцијација за земјотресно инженерство (EAEE).Во своето излагање на тема: „Definition of seismic actions in the revised EC8 and implication in the seismic risk assessment“, Prof. Pitilakis изложи детален преглед на најновите пристапи во дефинирањето на сеизмичките дејства, го изложи предлог сеизмичкото зонирањето за Грција и неговото значење за националните стратегии за управување со ризик.

Настанот го отвори и поздрави ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, изразувајќи поддршка за ваквите настани кои ги поврзуваат науката и практиката.

Во знак на благодарност за одржаното предавање, на Prof. Pitilakis му беше врачена плакета од ИЗИИС.

Искрено им благодариме на предавачот и сите учесници кои придонесоа за плодната дискусија.