Втор циклус

Студиските програми од втор циклус (вкупно шест) се целосно усогласени со одредбите на Болоњската декларација и правилата на ЕКТС и се состојат од задолжителни и изборни предмети. Времетраењето на студирањето е различно имено, два, три и четири семестри, со цел да се одговори на потребите на студентите кои доаѓаат со различен број на кредити од претходното образование. Со завршувањето на студиите, студентот се здобива со звање магистер на науки од областа на земјотресното инженерство и зависно од времетраењето на студиите се стекнува со 60, 90 или 120 кредити, соодветно.  Во рамките на едукативната дејност од втор циклус со звањето магистер досега се стекнале 208 студенти.

Покрај во наставниот процес, студентите се активно вклучени и во тековни научноистражувачки проекти и се мотивирани за реализација на меѓународна мобилност, учество во летни школи, обуки, работилници и сл. Во правец на континуирана поддршка и создавање на нов кадар од областа на земјотресното инженерство, Институтот години наназад доделува стипендии на најдобрите запишани студенти во форма на ослободување од пропишаната школарина.

Наставата се одвива на македонски и на англиски јазик.

Програми

Акредитираните магистерски студии покриваат две полиња:

Студиските програми од втор циклус (вкупно шест) се целосно усогласени со одредбите на Болоњската декларација и правилата на ЕКТС и се состојат од задолжителни и изборни предмети.

Акредитирана студиска програма за втор циклус – магистерски студии

ИНФОРМАЦИИ ЗА СТУДЕНТИ
  • Обврските околу испитите, потребна литература и датумите за полагање се договараат со одговорниот предметен наставник согласно студиската програма.
  • Уписот на престојниот зимски семестар и заверката на претходниот летен семестар се одвива во првата недела на октомври во тековната академска година. Документите се доставуваат во архивата на ИЗИИС  при што треба да се почитуваат сите мерки за заштита.
  • Уписот на престојниот летен семестар и заверката на претходниот зимски семестар се одвива во првата недела на февруари во тековната академска година. Документите се доставуваат во архивата на ИЗИИС  при што треба да се почитуваат сите мерки за заштита.

Сите предметни наставници се достапни за консултации во термини кои треба да бидат претходно договорени со наставникот. 

Преглед на заменски предметни наставници на втор циклус на студии

КОНКУРИРАЊЕ И ПРИЈАВУВАЊЕ

Право на конкурирање имаат кандидатите кои имаат завршено прв циклус студии по градежништво или други сродни студии, кои од претходното образование имаат остварено најмалку 180 ЕКТС кредити.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава. Бројот којшто кандидатот автоматски го добива од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање документите на следните мејл адреси:  student@iziis.ukim.edu.mk или на institut@iziis.ukim.edu.mk

Информација за студентите заинтересирани за упис на втор циклус (втор уписен рок).

Потребните документи по однос на објавениот конкурс може да ги испратите на емаилот student@iziis.ukim.edu.mk.

Останува обврската да се пополни пријавата на iknow системот.

Интерен пријавен лист (.doc)

ШКОЛАРИНА

Школарината за студирање на втор циклус магистерски студии зависи од времетраењето на студиската програма. За секоја студиска прорама цената е наведена во конкурсот за запишување.

За студии со времетраење од 4 семестри школарината изнесува 1900 евра., за 3 семестри 1400 евра, додека за 2 семестри сумата изнесува 900 евра во денарска противвредност.

Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд.

КОНКУРСИ

Конкурсите за запишување студенти на втор циклус – магистерски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се објавуваат на веб страната на УКИМ.

СТИПЕНДИИ

Во правец на континуирана поддршка и создавање на нов кадар од областа на земјотресното инженерство, Институтот години наназад доделува стипендии на најдобрите запишани студенти во форма на ослободување од пропишаната школарина. Секоја учебна година ИЗИИС објавува конкурс на стипендирање на студенти од втор циклус студии.

АКРЕДИТАЦИЈА
ФОТОГРАФИИ ОД ОДБРАНИ НА МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ