Земјотресно инженерство

Студиската програма „Земјотресно инженерство“ овозможува образование на кандидати во домените на земјотресното инженерство и инженерската сеизмологија. Со завршување на студиите, студентите имаат стекнато знаења од областа на динамика на конструкции, современи нумерички и екпериментални методи за анализа, експертиза, проектирање и оцена на сеизмичката отпорност на конструкциите, како и адекватно образование од областа на земјотресно инженерство за објекти од типот на згради со различни конструктивни системи (армиранобетонски, челични, зидани, мешовити и др.), како и голем број сложени инженерски објекти од различни категории (мостови, брани, специјални конструкции, инфраструктурни системи и др.). Студентите имаат стекнато знаења од областа на намалување и управување на ризиците од природни катастрофи и посебно на ризиците од земјотреси од областа на геотехничко земјотресно инженерство и базични знаења од инженерска сеизмологија кои опфаќаат дефинирање на сеизмичност, раседи и бранови, дефинирање на сеизмички хазард, параметри на сеизмички извор, влијание на локални услови, сеизмички параметри за анализа на повредливост и ризик.

Студентите се стекнуваат со знаења од широк спектар на специфични подобласти од областа на земјотресното инженерство и асеизмичкото проектирање.

1 годишни студии

Студиската програма „Земјотресно инженерство“ со времетраење од 1 година, односно 2 семестри, е наменета за студенти кои оствариле вкупно 240 кредити од претходно образование.

Во рамките на оваа програма, студентите треба да положат вкупно 5 испити по предмети од кои 3 (три) се задолжителни, 1 (еден) е изборен и 1 (еден) предмет од Универзитетска листа.

Со завршувањето на оваа студиска програма студентот се стекнува со вкупно 60 ЕКТС кредити.

Линк до студиската програма

1.5 годишни студии

Студиската програма „Земјотресно инженерство“ со времетраење од 1.5 година, односно 3 семестри, е наменета за студенти кои оствариле вкупно 210 кредити од претходно образование.

Во рамките на оваа програма, студентите треба да положат вкупно 8 испити по предмети од кои 5 (пет) се задолжителни, 2 (два) изборни и 1 (еден) предмет од Универзитетска листа.

Со завршувањето на оваа студиска програма студентот се стекнува со вкупно 90 ЕКТС кредити.

Линк до студиската програма

2 годишни студии

Студиската програма Земјотресно инженерство  со времетраење од 2 години, односно 4 семестри, е наменета за студенти кои оствариле вкупно 180 кредити од претходно образование.

Во рамките на оваа програма, студентите треба да положат вкупно 12 испити по предмети од кои 7 (седум) се задолжителни, 4 (четири) изборни и 1 (еден) предмет од Универзитетска листа.

Со завршувањето на оваа студиска програма студентот се стекнува со вкупно 120 ЕКТС кредити.

Линк до студиската програма