Студиската програма „Земјотресно инженерство“ овозможува образование на кандидати во домените на земјотресното инженерство и инженерската сеизмологија. Со завршување на студиите, студентите имаат стекнато знаења од областа на динамика на конструкции, современи нумерички и екпериментални методи за анализа, експертиза, проектирање и оцена на сеизмичката отпорност на конструкциите, како и адекватно образование од областа на земјотресно инженерство за објекти од типот на згради со различни конструктивни системи (армиранобетонски, челични, зидани, мешовити и др.), како и голем број сложени инженерски објекти од различни категории (мостови, брани, специјални конструкции, инфраструктурни системи и др.). Студентите имаат стекнато знаења од областа на намалување и управување на ризиците од природни катастрофи и посебно на ризиците од земјотреси од областа на геотехничко земјотресно инженерство и базични знаења од инженерска сеизмологија кои опфаќаат дефинирање на сеизмичност, раседи и бранови, дефинирање на сеизмички хазард, параметри на сеизмички извор, влијание на локални услови, сеизмички параметри за анализа на повредливост и ризик.
Студентите се стекнуваат со знаења од широк спектар на специфични подобласти од областа на земјотресното инженерство и асеизмичкото проектирање.