Трајче Зафиров

Асист. м-р
Трајче Зафиров


+398-2-3107-774
trajce@iziis.ukim.edu.mk

М-р Трајче Зафиров, дипл. град. инж., моментално вработен како Асистент во Институтот за Земјотресно Инженерство и Инженерска Сеизмологија-ИЗИИС, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Р. С. Македонија во одделот за Инженерски конструкции и софтвер. Ги започнал своите додипломски студии во академската 2010 год. на Градежниот факултет, УКИМ во Скопје (насока: конструктивно инженерство) и дипломирала во Декември 2014 год. со просечен успех од 9.02/10. Ги започнал магистерските студии во ИЗИИС во академската 2015/16 год., кога почнал и неговиот работен ангажман. Во тек на студиите остварил Еразмус + размена на Градежниот факултет во Неапол, Италија. Се стекнал со звање магистер по земјотресно инженерство во Мај 2018 год. по завршување на студиите со просечен успех од 10/10 со теза насловена како „Примена на системи за пасивна дисипација на енергија при проектирање на конструкции отпорни на земјотрес“. Од Октомври 2018 год. запишан е на Школата на докторски студии на ИЗИИС, истражувајќи ја потесната област-сеизмичка анализа на различни типови на надградби. Во тек на својот работен ангажман во ИЗИИС активно учествува во реализација на неколку научно-истражувачки и апликативни проекти, од кои како поважни може да се истакнат Европските DG-ECHO проекти: INFRANAT-Increased Resilience of Critical Infrastructure to Natural and Human-Induced Hazards (2018-2019) и L2BR-Learn to be Resilient (2021-2022). Исто така, дел е од тимот за издавање на мислења за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбите на територијата на Р. С. Македонија. Има објавено како автор или ко-автор повеќе трудови во областа на земјотресното инженерство, еден во списанија. Во тек на работниот ангажман посетил обуки и школи, како издвоени се: Summer School – Bauhaus 2018, организиран од Универзитетот во Вајмар, Германија и Eurocodes Balkan Summer School (2021), организирана од Европската комисија JRC. Обучен е за изработка на статичка и динамичка анализа на конструкции (згради и инженерски конструкции) во различни софтверски пакети.