Проф. д-р. Игор Ѓорѓиев, е редовен професор по земјотресно инженерство при Институтот за зејотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломираше на Градежниот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1999 година. Магистрираше во 2004 година во областа на земјотресно инженерство, со наслов на магистерската теза „Имплементација на нови оптимални гумени лежишта за базна изолација на ОУ Ј.Х.Песталоци“. Докторските студии ги а завршил во 2011 кои беа во рамките на DAAD/SEEFORM програмата. Докторската тема е со наслов „Развивање на аналитички модел на гумени изолатори со слоеви од ткаенини врз основа на експериментални резултати“. Денес е наставник на неколку предмети на последипломски и докторски студии и тоа: „Анализа на конструкции“, Вовед во Матлаб и негова примена во инженерски анализи“, „Анализа со конечни елементи“ и “Сеизмичка анализа и проектирање на специјални објекти“. Од 2003 г. активно учествува во повеќе научно-истражувачки и апликативни проекти од кои како поважни можат да се истакнат NATO SfP-978028 (2004-2007), FP7 SERIES project (2009-2013, grant no. 227887.), FP7 project UREDITEME (2009-2012, grant no. 230099), H2020 SERA project (2017-2020, grant no. 730900) and CRISIS: Comprehensive RISk assessment of basic services and transport InfraStructure (UCPM-2020-PP-AG; GA-101004830). Активно е вклучен во стручно-апликативната работа на УКИМ-ИЗИИС, како и во работата на стручни комисии и работни групи при изработка на мислења за проектиран и изведбен степен за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбите во Република С. Македонија. Добитник е на признание од Друштвото на градежни конструктори на Македонија – ДГКМ за особено достигнување во градежното конструкторство и признание за особено конструкторско остварување во областа на науката во 2011 година за самостоен научноистражувачки труд – докторската теза. Член е на Македонската асоцијација за земјотресно инженерство МАЕЕ и Европската асоцијација за земјотресно инженерство ЕАЕЕ како и Комората на овластени инженери и архитекти (КОАИ). Има објавено голем број научни трудови на национални и меѓународни конференции, професионални извештаи, списанија и поглавја од книги. Исто така, автор е на многу модерни комјутерски програми од областа на градежништвото и земјотресното инженерство.
Поширокото поле на неговото истражување се линеарна и нелинеарна анализа и проектирање на А.Б. и челични конструкции, евалуација на стабилноста на конструкциите од дејство на земјотрес, заштита на конструкциите од дејство на земјотрес со примена на базна изолација, експериментални лабораториски и теренски испитувања, обработка на сигнали, пратење на состојбата на конструкциите, оперативен модална анализа, евалуација на капацитетот на А.Б. конструкции, развој на конститутивни закони (ANSYS, сопствен софтвер, …), развој на сопствен софтвер од областа на градежништвото и земјотресно инженерство во .NET, C++ и Matlab.