Александар Златески

Доц. д-р
Александар Златески


+398-2-3107-780
azlate@iziis.ukim.edu.mk

Доц. д-р. Александар Златески, дипл. град. инж., од Јуни 2024г. е избран за доцент во Институтот за Земјотресно Инженерство и Инженерска Сеизмологија – ИЗИИС, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Р. Македонија во одделот за градежни конструкции и материјали: Проектирање, анализа и тестирање. Своите додипломски студии ги започнал во академската 2004/2005 година на Градежниот факултет во Скопје (насока: конструктивно инженерство) и дипломирал во Октомври 2008год. Ги продолжил своите студии на втор циклус – магистерски студии на Градежниот факултет во Скопје во академската и истите ги завршил во Јуни 2013г., со магистерска теза „Нелинеарно однесување на конструкции од високо градбата со флексибилен кат изложени на земјотрес“. Во 2015 год. Се запишува на Школата на докторски студии на ИЗИИС, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, истражувајќи ја потесната област – сеизмичка стабилност, санација и зајакнување на ѕидани конструкции. докторира во 2024 година на тема „Проценка и подобрување на сеизмичката отпорност на урбани културно – историски центри“. Во периодот на академската 2017/2018 има остварено студиски престој во странство (Португалија), каде се стекнува со Специјалистичка Диплома за Напредно ниво на Магистер (Advanced Master) по Анализа на културно историски споменици и историски к-ции. од„SAHC“ – Конзорциум: Универзитет во Мињо (Португалија), Чешкиот технички универзитет во Прага (Чешка), Технички универзитет Каталонија (Шпанија), Универзитет во Падова (Италија). Неговиот професионален работен ангажман во ИЗИИС е насочен кон земјотресно инженерство, проектирање/оцена на однесувањето на конструкции, дијагностика, санација, зајакнување и реконструкција на конструкции од високоградба отпорни на земјотрес, со примена на класични и иновативни техники и материјали, процена на штети и елиминирање на последиците од природни катастрофи. Во периодот од 2009-2021г. има учествувано во неколку интернационални научно-истражувачки проекти остварил повеќе учества на конференции и летни школи од областа на земјотресното инженерство (Eurocodes Balkan Summer School 2021, SARCOS COST- RILEM Course 2018, PARFORCE Ph.D. Advanced Training Course 2023), а има објавено  повеќе од 30 научни трудови, публикувани во меѓународни списанија со импакт фактор и интернационални конференции. Учествувал во семинари и работилници за основните училишта за подигнување на јавната свест за заштита од земјотреси, пост-земјотресни мисии на УКИМ-ИЗИИС за оцена на употребливоста на објектите во погодени области во земјата и регионот, тренинзи, предавања, евалуација на сеизмичката сигурност на здравствени објекти и објекти од општествено значење. Врши наставна дејност на студиските програми по Земјотресно инженерство на последипломските и докторските студии во ИЗИИС. Активно е вклучен во стручно-апликативната работа на ИЗИИС, како и во работата на стручни комисии за изработка на мислења за проектиран и изведбен степен за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбите во Република Македонија. Учествувал и во изработката на инструкциски материјали за контрола на проектна документација изработена со примена на Еврокодовите. Во моментов е член во: Македонска асоцијација  за земјотресно инженерство MAEE, Европската асоцијација за земјотресно инженерство ЕАЕЕ, Друштво на градежни конструктори на Македонија ДГКМ, ICOMOS – Македониј, како и во Комората на овластени архитекти и инженери.