Пријавувањето започнува веднаш по објавувањето на Конкурсот.
Целокупната комбинирана интензивна програма (вклучително виртуелната компонента и мобилноста) мора да заврши најдоцна до 29 јули 2026 година.
Студентите кои ќе изразат интерес за учество во BIP треба да достават апликација до Еразмус+ координаторот на матичниот факултет/институт во три примероци (еден за студентот, еден за координаторот и еден за Универзитетот).
Апликацијата треба да ги содржи следниве документи:
• пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
• уверение за положени испити;
• уверение/диплома за познавање на странски јазик;
• уверение за редовен студент;
• кратка биографија (Europass model);
• мотивациско писмо.
Задолжително е и доставување на договор за студирање (Learning Agreement for Studies), потпишан од студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и институцијата-домаќин (минимум 3 ЕКТС).
Learning Agreement исто така треба да се изготви онлајн https://www.learning-agreement.eu/ по што се генерира во платформата EWP Dashboard.
Во прилог ги доставуваме формуларот за пријавување Student Application Form, урнек на договорот за студирање (Learning Agreement for studies) и Europass model за биографија.
Студентот и Еразмус+ координаторот задржуваат по еден примерок од апликацијата.
Факултетот/институтот прави листа на пријавените, која заедно со писмо од деканот/директорот и апликациите во еден примерок, ја доставувате до Ректоратот. Студентот и Еразмус+ координаторот задржуваат по еден примерок од апликацијата.
Изборот на кандидатите се врши според редоследот на доставување на целосните апликации од страна на факултетите/институтите до Ректоратот, сè до пополнување на расположливите мобилности и средства.
Повикот се затвора на 1 јуни 2026 година или порано, доколку се исцрпат расположливите мобилности.
Висината на грантот изнесува 79 ЕУР на ден за мобилност од 5 до 14 дена, односно 56 ЕУР на ден за мобилност од 15 до 30 дена.
Сите дополнителни информации и формулари се достапни на интернет-страницата на Универзитетот:
https://ukim.edu.mk/studenti/mobilnosti/erazmus/
За дополнителни информации можете да се обратите до Одделението за меѓународна соработка на:
international@ukim.edu.mk Ви благодариме за соработката.

