Трет циклус

Акредитираните докторски студии се од областа на земјотресното инженерство и се реализираат под менторство на акредитирани универзитетски професори, докажани експерти во својата област.

Програмата за докторските студии е во согласност со Болоњската декларација и правилата на ЕКТС и се одвива во рамките на интегрираната Школа за докторски студии во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Докторските студии на ИЗИИС траат 3 години (6 семестри) и тоа: I година – следење и полагање на наставни предмети; II и III година – подготовка и пријавување на докторската дисертација – истражување, објавување резултати, пишување и одбрана на трудот, проследено со учество на докторски семинари, годишни конференции и работилници. Со завршувањето на студиите, студентот се здобива со звање доктор на технички науки од областа на земјотресното инженерство и се стекнува со 180 кредити. Во рамките на едукативната дејност од трет циклус со ова звање досега се стекнале 55 студенти.

Покрај во наставниот процес, студентите се активно вклучени и во тековни научноистражувачки проекти и се мотивирани за реализација на меѓународна мобилност, учество во летни школи, обуки, работилници и сл. Во правец на континуирана поддршка и создавање на нов кадар од областа на земјотресното инженерство, Институтот години наназад доделува стипендии на најдобрите запишани студенти во форма на ослободување од пропишаната школарина.

Линк до акредитирана студиска програма од трет циклус по Земјотресно инженерство од 2023-та година

Список на акредитирани ментори за трет циклус на студии

Линк до студиската програма акредитирана 2018-та година

Информации за студенти

Во продолжение неколку информации поврзани со студиите: 

  • Обврските околу испитите, потребна литература и датумите за полагање се договараат со одговорниот предметниот наставник согласно студиската програма.
  • Уписот на престојниот зимски семестар и заверката на претходниот летен семестар се одвива во првата недела на октомври во тековната академска година. Документите се доставуваат во архивата на ИЗИИС.
  • Уписот на престојниот летен семестар и заверката на претходниот зимски семестар се одвива во првата недела на февруари во тековната академска година. Документите се доставуваат во архивата на ИЗИИС.

Сите предметни наставници се достапни за консултации во термини кои треба да бидат претходно договорени со наставникот.

Преглед на заменски предметни наставници на трет циклус на студии

Структура

Согласно правилникот објавен во Универзитетски гласник бр. 530 од 12/2020-та година: 

Структура на студиската програма

Согласно правилникот објавен во Универзитетски гласник бр. 245 од 2013-та година: 

Структура на студиската програма – распределба на кредити и обврски по семестри

Докторските студии траат 3 (три) години и при тоа се освојуваат 180 ЕКТС-кредити.

ШКОЛАРИНА

Износот на трошоците за студирање на трет циклус докторски студии студии изнесува 5000 евра во денарска противвредност.

Школарината се плаќа на 6 еднакви рати, на почетокот на секој семестар, во денарска противвредност.

Во школарината се вклучени износот на трошоците за студирање и тоа за организирање на наставата, работилници и семинари, менторот, комисиите и единиците-организатори на истражувањето, раководење на студиската програма, Универзитетската школа за докторски студии, обука за истражување, едукација, а не се вклучени материјалните трошоци за истражувањето на темата.

Материјалните трошоци за истражување на темата, зависат од природата на истражувањата (аналитички, експериментални или комбинирани). Природата на истражувањата се дефинира во пријавата за изработка на докторскиот труд, т.е. во предлог-докторскиот проект.

При плаќањето на првата рата, 350 евра во денарска противвредност примените кандидати плаќаат на Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава:

  • сметка: 160 010 3689 788 18
  • приходна шифра и програма: 723012 41;
  • банка на примач: Народна банка на Република С. Македонија.

Остатокот од износот се плаќа на сметка на Институтот  за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

КОНКУРСИ

Конкурсите за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се објавуваат на веб страната на УКИМ и во јавни гласила.

Ве информираме дека на веб страната на УКИМ денес, на 11.09.2020 год. се поставени две електронски адреси на кои треба да се доставуваат документите за пријавување од страна на кандидатите за запишување на трет циклус докторски студии, скенирани во pdf форма (согласно објавениот Конкурс за трет циклус студии).

Следните електронски адреси:

odd.nauka@ukim.edu.mk

skola_za_ds@ukim.edu.mk

се наоѓаат на следниот линк:

http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=152&glavno=8

СТИПЕНДИИ

Во правец на континуирана поддршка и создавање на нов кадар од областа на земјотресното инженерство, Институтот години наназад доделува стипендии на најдобрите запишани студенти во форма на ослободување од пропишаната школарина. Секоја учебна година ИЗИИС објавува конкурс на стипендирање на студенти на трет циклус студии.

Од академската 2021-2022 година Министерството за образование и наука за прв пат воведува стипендии за докторски студии во државата. Повеќе инфорамции можете да пронајдете на: https://mon.gov.mk/content/?id=4188

АКРЕДИТАЦИЈА
ФОТОГРАФИИ ОД ОДБРАНИ НА ДОКТОРСКИ ТРУДОВИ