БИБЛИОТЕКА

Библиотеката на ИЗИИС е организациона единица во рамките на стручната и административна служба на Институтот, учествува и дава свој придонес во креирањето на политиката на библиотечното работење во рамките на интегрираниот библиотечен систем на Универзитетот. 

Библиотеката на Институтот ја собира, ја уредува и ја распоредува научната, студиската и стручната литература и на наставно-научните кадри, на соработниците и на студентите им дава информации и знаења за научната работа, ги образува од гледна точка на употребата на библиотечниот фонд и барањето на информации, како и изработува библиографија за високообразовните наставници и научни работници. 

Библитеката на Институтот располага со огромен фонд на хартиени и дигитални библиотечни материјали, во вид на научни и стручни извештаи, публикации, монографии, книги, статии, магистерски и докторски трудови, наставни материјали (учебници, скрипти, практикуми, збирки на задачи и сл.), проектни материјали, фото и видео документација поврзана со активностите и дејноста на Институтот и други материјали.  

Библиотеката преставува единствена депозитна библиотека за сите изданија кои ги издава Институтот. 

лице за Контакт

Сунчица Станковска


+398-2-3107-749
suncica@iziis.ukim.edu.mk