Во лабораторијата за динамика на почви и фундаменти во континуитет се одвиваат научни и апликативни истражувања од областа на динамиката на почвите. Лабораторијата во моментов располага со следнава опрема:
Карактеристики: Тип: AUTOTRIAX2, можност за статички и динамички истпитувања, циклично товарење со ±5 kN, до 25kN сила на смолкнување, цикличен товар со капацитет на фреквенција од 0-70Hz, компатибилност со ASTM и BS стандарди. Димензии на цилиндрични примероци: дијаметар 70мм, висина 140мм.
Карактеристики:
Бендер елементите овозможуваат мерење на максималниот модул на смолкнување (Gmax) на примероци од почва со нивоа на смолкнување околу 0.001% користејќи Vp и Vs бранови. Gmax е клучен параметар во динамичката анализа при мали деформации, користен за предвидување на однесувањето на почвата или интеракцијата почва-структура за време на земјотреси, експлозии или вибрации предизвикани од машини и сообраќај. (Прочитај повеќе…)
Карактеристики: можност за одредување на динамички карактеристики за различни почвени материјали и потенцијал на ликвифакција на песоци. Големина на зрна на почвениот материјал: до 2 mm. Димензии на цилиндричните примероци: дијаметар 61 mm, висина 2 x 13 до 15 mm.
Карактеристики: можност за реална симулација на динамичко однесување на тлото. Димензии: 2.0 x 1.0 x 1.5 m, од алуминиумски материјал со челична подлога. Број на челични прстени е 16 со тежина од 36 kg. Тотална тежина на празниот контејнер е 1553 kg.
Карактеристики: Тип: AKULA -9000C, можност за одредување на почвените слоеви. Мерењата се со различни антени и тоа со фреквенција од 65 MHz GEKKO-60 за поголеми длабочини (30-50m), фреквенција од 307 МHz GCB-300 (до 8m) и фреквенција од 1000 MHz GCB-1000 (do 1.5m).
Антена GCB 2000 со област на примена во инспекција на бетон, мерење на дебелина на мраз, мерење на снег, истражувања за проценка на патишта и мостови со ниска брзина, форензички испитувања и други. (https://www.geoscanners.com/pdf/Datasheets/DS-GCB2000.pdf)
Антена HA-1000 со област на примена во истражувања за патишта со висока брзина, истражувања за обвивка на тунели со висока брзина, истражувања за инспекција на баласт и други. (https://www.geoscanners.com/pdf/Datasheets/DS-HA1000.pdf)
HMP LFG овозможува брзо и едноставно определување на носивоста на почвата и квалитетот на компактирање на почви, некохезивни подлогови и подобрувања на асфалтот. (https://www.hmp-online.com/en/products/light-weight-deflectometer_hmp-lfg)