ЛАБOРАТОРИЈА ЗА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ

Лабораторијата за силни земјотреси во ИЗИИС е формирана во далечната 1972 г., кога е и започнато со инсталирањето на Југословенската мрежа за силни земјотреси во рамките на проектот финансиран и подржан од од USAID, Националната фондација за наука на САД, Македонскиот совет за наука, Федералната канцеларија за меѓународна културно-образовна, научна и техничка соработка, како и канцеларијата на Република Македонија за техничка соработка. Во периодот со оперирањето на Југословенската мрежа за силни земјореси од две декади (100 акцелерометри и 150 сеизмоскопи), ИЗИИС има собрано повеќе од 1400 записи за силни земјотреси низ целата територија на поранешна Југославија. 

Лабораторијата за силни земјотреси на ИЗИИС во контитуитет од 1972 г., до денес ја следи и ажурира силната сеизмичка активност на територијата на С. Македонија и пограничниот регион. Капацитетот на мрежата за силни земјотреси на ИЗИИС е значително унапреден во периодот од 2007-2015 г. со 17 нови дигитални акцелерометарски станици обезбедени во рамките на двата NATO SpS проекти за хармонизација на картите на сеизмички хазард за земјите од Западниот Балкан (NATO SpS-983054 и NATO SpS-984374). 

Во моментов мрежата за силни земјотреси се состои од активни 126 акцелерометри и тоа: 12 дигитални станици (со 12 акцелерометри на основна стена и карактеристично тло), 21 аналогна станица (со 28 акцелерометри на основна стена, карактеристично тло и констукции), специјална 3D мрежа во Охрид (со 16 дигитални акцелерометри на карактеристично тло, конструкции и во бушотини) и сеимзмички мониторинг на брани (со 32 дигитални и 38 аналогни акцелерометри на основна стена, карактеристично тло и конструкција на брани). 

Лабораторијата во моментов располага со следнава опрема: 

Kinemetrics K-2 recorder (4) 

Kinemetrics Granite recorder (16) 

Kinemetrics Quake Data recorder (QDR) (4) 

GeoSIG GNC-CR12 recorder (6) 

SYSCOM MR2002-SM AC 16 recorder (8) 

Kinemetrics SMA-1 accelerograph (99) 

Astronomic-Geophysical Observatory in Ljubljana, Seismoscopes WM-1 (61) 

Мрежа на силни земјотреси
Листа на активни станици