ЛАБОРАТОРИЈА ЗА НЕДЕСТРУКТИВНИ ИСТРАЖУВАЊА

Лабораторијата за недеструктивни истражувања располага со сет од инстументи за недеструктивно одредување на карактеристиките на вградените конструктивни материјали односно конструкциите. Лабораторијата во моментов располага со следнава опрема: 

  • Преносен мерач на наклон 
  • Механички екстензометар за мерење на варијации на поместувања при оптоварување 
  • Апаратура за хидраулично товарење на ѕидарија т.н. „flat jack“ метода 
  • Безжични акцелерометри 3D со логирање на податоци 
  • Дрон со камера со висока резолуција