На ден пред датумот кој ќе означи 60 години од катастрофалниот Скопски земјотрес, институтот одржа завршен настан од серијата настани ИЗИИС за Скопје. Свои обраќања имаа претсетдателот на Република Северна Македонија Македонија Стево Пендаровски, Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, Градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска, Ректорот на УКИМ Проф. д-р Никола Јанкуловски, евроамбасадорот Дејвид Гир, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан, директорот на ИЗИИС, проф. д-р Влатко Шешов, како и претседателот на Светската и потпретседателот на Европската асоцијација за земјотресно инженерство.
На настанот беа поканети истакнати личности, професори, поранешни директори на институтот кои што со својата посветеност и научно- истражувачка работа во областа на земјотресното инженерство дадоа огромен придонес во развојот и работата на ИЗИИС. На панел дискусијата која што беше организирана во склоп на настанот тие евоцираа моменти и сеќавања кои што не потсетија дека во 58 годишното постоење на институтот се вградени генерации на луѓе кои што несебично ги посветија своите научни кариери.