Со особено задоволство го споделуваме со Вас искуството од вториот сеизмички скрининг. По успешниот скрининг на МАНУ, на вториот настан од ваков тип се посветуваме на Музејот на град Скопје, објектот кој денес претставува немо сведоштво за најголемата катастрофа во поновата историја на нашиот град.
За опсежното испитување на интегритетот и стабилноста на конструкцијата на објектот најпрвин се запознавме со историјата и значењето на обејктот а потоа извршивме: детален преглед на техничката документација на музејот, детален визуелен преглед и контролни мерења, експериментално тестирање на селектирани репрезентативни носиви елементи со примена на опрема за недеструктивни тестови и пополнивме ИЗИИС-образец за брза проценка на сеизимичка сигурност и безбедност.
Повторно употребивме неопходни инструменти вклучувајќи:
- Склерометар за утврдување на цврстината на бетонот
- Ултрасоничен инструмент за утврдување на цврстината на бетонот по пат на мерење на брзината на ултразвукот низ внатрешноста на елементот
- Профометар за детекција на распоредот и големината на арматурните прачки и дефинирање на дебелината на заштитниот слој бетон
- Инструмент за определување на динамичките карактеристики по пат на мерење на вибрациите на обејктот од амбиентални влијанија.
ИЗИИС за Скопје продолжува со својата мисија, поддршка и учество во зачувувањето на сведоците на историјата на нашиот град. Целиме кон безбедност на граѓаните, отпорност при сеизмички дејства и ублажување на ризикот и економските загуби преку превентивни активности.