Последното поглавје од серијата настани Сеизмички скрининг го реализиравме на едно од главните обележја на пост-земјотресно Скопје, Македонската Радио Телевизија, која во времето на изградба била највисока телевизиска куќа на Балканот. Проверката на интегритетот и стабилноста на конструкцијата на објектот ја започнавме со преглед на техничката документација и детален визуелен преглед, потоа извршивме контролни мерења проследени со експериментално недеструктивно тестирање на селектирани репрезентативни носиви елементи, а го финализиравме со пополнување на ИЗИИС-образецот за брза проценка на сеизимичка сигурност и безбедност.
И овој пат ја употребивме неопходната опрема составена од :
- Склерометар за утврдување на површинска цврстина на бетонот
- Ултрасоничен инструмент за утврдување на цврстината на бетонот по пат на мерење на брзината на ултразвукот низ внатрешноста на елементот
- Профометар за детекција на распоредот и големината на арматурните прачки и дефинирање на дебелината на заштитниот слој бетон
- Инструмент за определување на динамичките карактеристики по пат на мерење на вибрациите на обејктот од амбиентални влијанија.
Учиме од минатото и ја градиме иднината во која важноста на превентивната проверка на сеизмичката отпорност и безбедност на објектите е наш приоритет.
Тимот на ИЗИИС ќе продолжи со истражување иновативни техники и стратегии за зголемување на колективната свест и подготвеност при непогоди од ваков тип.