60 ГОДИНИ СКОПСКИ ЗЕМЈОТРЕС
Земјотресот бил со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала и траел приближно 20 секунди. Почуствуван е со интензитет од IX степени според Европската макросеиз- мичка скала. Бројот на загинати е проценет на 1.070, со над 4.000 повредени и повеќе од 200.000 лица без покрив над главата.
Вкупните економски загуби се проценети на околу 470 милиони американски долари (1963 година), што е еквивалентно на околу 3,9 милијарди американски долари во 2023 година. Покровителството на ОН одиграло клучна улога, во чии рамки преку 80 земји придонесоа со својата финансиска, техничка и друга помош.
Скопскиот земјотрес од 1963 година помогна да се премости јазот меѓу источниот и за- падниот блок за време на Студената војна. Скопје стана симбол на меѓународната соли- дарност и соработка.
Обновата на Скопје по земјотресот беше масовен потфат во кој учествуваа многу меѓународни организации и земји. Градот беше награден со Златен медал на Меѓународната унија на архитекти во 1971 година, а напорите за реконструкција беа наведени како мoдел за другите градови низ светот.
Скопскиот земјотрес одигра значајна улога во развојот на градежното инженерство иницирајќи нови прописи за проектирање и градба на сеизмички отпорни конструкции.
По Скопскиот земјотрес, во 1964 г. во Скопје се одржа првата Европска конференција за земјотресно инженерство, каде се донесе одлука за формирањето на Европската асоцијација за земјотресно инженерство.
Со одлука на Универзитетскиот сенат и по препорака на ОН во 1965 основан е ИЗИИС со мандат активно да учествува во обновата на градот и обезбеди постојан напредок во науката, образованието, истражувањето и унапредување на техничките прописи во областа.
ПРИДОНЕС НА ИЗИИС ВО ОБНОВАТА, РЕКОНСТУКЦИЈАТА
И СОВРЕМЕНИЕТО НА СКОПЈЕ
Период на пост-земјотресна реконструкција на градот Скопје и засилена архитектонска активност за создавање на општествено значајни објекти и станбени населби во кој ИЗИИС учествува во проектирање, санација и зајакнување на оштетените културно-историски објекти во градот и старата Скопска чаршија, во проектирање, консултации и ревизија во фаза на проектирање на нови општествено значајните објекти (Соборен храм, зграда на Владата, Народна и универзитетска библиотека, Комплекс Скопски саем, Градски трговски центар, Телекомуникациски центар, Комплекс Банки, Универзитетски центар – УКИМ, Музеј на Македонија, МТВ, МАНУ, ЗОИЛ, МОБ, училишни, здравствени и други објекти), во изработка на статичка и сеизмичка анализа со димензионирање, неретко и ин-ситу експериментално испитување, на сите станбени објекти со спратност поголема од П+5 и репрезентативни висококатници во Скопските станбени населби (Градски Ѕид, Карпош, Аеродром, Топанско поле, Порта Влае, Порта Буњаковец, Дуќанџиќ, Козле, Јане Сандански, Железара, Карпош ИВ, Скопје – Север, Капиштец, Вардар, Ново Лисиче, 11 Октомври и 13 Ноември).
По осамостојувањето на државата ИЗИИС продолжува со примена на научните и професионални сознанија: во изработка на градежно-конструктивни проекти за новопроектирани општествено значајни објекти (Македонскиот народен театар, Фонтана со скулптура, Порта Македонија, пешачки мост ОКО, Нов Клинички центар Мајка Тереза и други), во проектирање на конструктивно зајакнување или реконструкција (Вила Македонија, Парламент, Министерство за транспорт и врски, црквата Рождество на пресвета Богородица и други), при ревизија или супер-ревизија на градежно-конструктивни проекти (Уставен Суд, Јавно обвинителство, Министерство за надворешни работи, Македонска филхармонија, ПЕТ центар и комплексите Џевахир Скај Сити и Дајмонд Скопје-Лимак), при изработка на експертизи, сеизмички скрининг и студии за постојна состојба на објектите (Собрание, АД Македонски Телеком, индустриски комплекси, дипломатски претставништва, објекти во Клинички центар, општински, училишни и други објекти), при изработка на карти за сеизмичко зонирање согласно барањата на Еврокод 8.
Согласно законската регулатива во земјата ИЗИИС добива мандат да издава Мислење за проектиран и изведен степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита за сите новопроектирани објекти на територијата на државата со што врши дополнителна контрола на целокупниот процес на проектирање/ревидирање на проектите и изведба на објектите во согласност со стратегијата на државата за намалување на ризици од катастрофи и заштита на населението и материјалните добра.