Серијата на настани Отворени Денови на Лабораториите во ИЗИИС продолжува. Овој пат ги отворивме вратите за студентите од Градежен и Машински факултет и учениците од основното училиште „Киро Глигоров“ и одржавме уште една успешна презентација на трите лаборатории:
- мобилната лабораторија EQ-MOBI-LAB
- лабораторијата за динамички испитувања DYNLAB
- лабораторијата за динамика на почви и фундаменти GEOLAB
Нашиот тим презентираше дел од опремата за недеструктивни испитувања, симулација на дејство на реален земјотрес на модел поставен на вибро платформата и симулација на дејство на реален земјотрес на почвен примерок на триаксиален апарат за статичко и динамичко тестирање.
Отворените денови на ИЗИИС нудат можност за обединување во заедничка визија, колективно стремејќи се кон градење побезбедна иднина. Ќе продолжиме со инспирирање и поттикнување партнерства за заедничко справување со сеизмичките предизвици.
Огромна благодарност до KNAUF, со чија помош ги направивме моделите на вибро платформата кои се неизбежен дел од нашите секојдневни експерименти и истражувања.