Ја заокружуваме серијата настани Отворени денови како дел од прогрмата ИЗИИС за Скопје.
Овој пат во синергија со еднодневната тематската конференција “4S – Skopje Summer Seismic Stop” организирана од Градежниот Факултет УКИМ во Скопје на која гости беа професори и студенти од факултетот, претставници од градежната фела, компании, професори од странство и претставници од Knauf.
Во изминатиот период, овие посебни денови ги посветивме на постигнување подлабоко разбирање за сеизмичките активности, промовирање едукација и уникатна можност за јавностa да се запознае со нашиот тим од експерти и опременоста во нашиот институт.
Настаните вклучија низа активности кои им овозможија на посетителите да се запознаат со најразлични аспекти од сеизмологијата. Беа вклучени презентации на трите лаборатории:
- мобилната лабораторија EQ-MOBI-LAB
- лабораторијата за динамички испитувања DYNLAB
- лабораторијата за динамика на почви и фундаменти GEOLAB
Покрај лабораториите, демонстрирана беше дел од опремата за недеструктивни испитувања, симулација на дејство на реален земјотрес на модел поставен на вибро платформата и симулација на дејство на реален земјотрес на почвен примерок на триаксиален апарат за статичко и динамичко тестирање.
Огромна благодарност до сите посетители, волонтери и соработници кои придонесоа за успехот на овие настани. Вашето присуство, учество и ентузијазам имаа значителен придонес во нашата мисија за напреднување на знаењето, промовирање безбедност и продлабочено разбирање за сеизмичките појави.