Нашата едукативна програма продолжува со учениците од СУГС Гимназија “Јосип Броз Тито” – општина Центар. На едукативната посета на 09.05.2023 год. успешно ја одржавме четвртата интерактивна работилница под мотото „ИЗИИС за Скопје“. Поводот за нашата посета беше одбележувањето на 60 год. од Скопскиот земјотрес, а целта зголемување на свеста за заштита од земјотреси кај младата популација.
Учениците од средното училиште “Јосип Броз Тито” активно учествуваa во работилницата со што го збогатија своето знаење за земјотресите како природна појава, нивното влијание на луѓето и на објектите.
Преку визуелни и практични презентации на модели на објекти, научија кои се генералните принципи на градење на згради отпорни на земјотрес. Со тоа, го поттикнавме интересот за концептот STEM (наука, технологија, инженерство и математика), и инспириравме дел од учениците да се насочат кон овие области.