На 11.05.2023 продолживме со нашата едукативна програма заедно со учениците од СУГС “Георги Димитров” – општина Карпош. Со нашата посета успешно ја одржавме шестата интерактивна работилница под мотото „ИЗИИС за Скопје“. Поводот за нашата посета беше одбележувањето на 60 год. од Скопскиот земјотрес, а целта, зголемување на свеста за заштита од земјотреси кај младите.
Учениците од средното училиште ” Георги Димитров” активно учествуваa во работилницата, со што го збогатија своето знаење за земјотресите како природна појава, нивното влијание на луѓето и на објектите.
Користејќи практични и едукативни алатки се креираа различни модели на објекти кои беа изложени на земјотреси, со што кај младите се поттикна љубопитноста, особено за однесувањето на објектите изложени на сеизмички побуди.
Интерактивните методи на едукација им помогнаа самостојно да дојдат до заклучокот, и со тоа да ги препознаат генералните принципи на градење на сеизмички стабилни згради. Со тоа, се поттикна интересот за концептот STEM (наука, технологија, инженерство и математика), кој ги подготвува новите генерации за средина која постојано се трансформира.