Д-р Зоран Ракиќевиќ е редовен професор во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во ИЗИИС работи од 1992, каде магистрирал во 1995 и докторирал во 2001 год. Во периодот 2006 – 2016 раководи со лабораторијата за динамички испитувања во Институтот. Има повеќе од 25 години релевантно искуство во областа на управуваните конструкции и испитувања на конструкции, машинска и електро опрема на сеизмичка вибро платформа. Неговото поле од интерес, а воедно и експертиза, се научните дисциплини од областа на управуваните конструкции, динамика на конструкциите, експерименталната механика, мониторингот и т.н. “health monitoring” на конструкциите, аквизиција на податоци, процесирање и анализа на експериментални резултати, како и проектирање и анализа на конструкции отпорни на земјотрес и други динамички влијанија. Има публикувано голем број научни трудови на национални и меѓународни конференции, на кои и активно учествувал, голем број на научноистражувачки и стручни извештаи, публикации во меѓународни списанија со фактор на влијание, поглавја во книги објавени од реномирани издавачки куќи. Учествувал како главен истражувач или дел од тимот на голем број домашни и меѓународни научноистражувачки проекти и проекти од применувачката дејност. Докажан експерт од областа од интерес и истражување и регистриран експерт во базата на експерти на Европската Комисија ID EX2013D133055. Учествувал во повеќе меѓународни проекти од рамковните програми на Европската Комисија. Бил партнер менаџер од ИЗИИС во проектот SERIES, FP7 проект (2009-2013, Grant No 227887.), раководител на работен пакет во FP7 UREDITEME проектот (2009-2012, Grant No 230099), како и лидер на WP 14 во H2020 SERA проектот (2017-2020, Grant No 730900). Член е на европската асоцијација за управувани конструкции (EACS-European Association for the Control of Structures); член – member of the advisory board of the Journal of Structural Control and Health Monitoring, Wiley & Sons Ltd; член е на Македонската асоцијација за земјотресно инженерство (МАЕЕ) и како и на Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ). Моментално проф. Ракиќевиќ е заменик директор за меѓународна соработка и развој во Институтот и Претседател на Македонската асоцијација за земјотресно инженерство (МАЕЕ).