Борјан Петрески

Доц. д-р
Борјан Петрески


+398-2-3107-742
borjan@iziis.ukim.edu.mk

Борјан Петрески (1991) e асистент-истражувач на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во Скопје со демонстрирано работно искуство во градежната индустрија. Има завршено магистерски студии по земјотресно инженерство на Империјал Колеџ во Лондон како дел од програмата за Напредно градежно инженерство во 2015 г. Магистерската теза му е во полето на Подобрена процена и проектирање на челични моментни рамки под дејство на реален товар од земјотрес. Претходно, дипломирал на Градежниот факултет во Скопје во 2014 г. со дипломска работа со наслов – Висечка кровна конструкција за спортска сала. Стипендист е на ИЗИИС за докторски студии, додека во минатото бил стипендист на: Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија – за одлични студенти запишани на еден од 100-те најдобри универзитети во светот и Градежниот факултет во Скопје – како еден од најдобрите 5 студенти. Поседува вештини за асеизмичко проектирање на армиранобетонски и челични конструкции, анализа со конечни елементи и нелинеарна анализа на конструкции. Моментално е насочен кон истражување како индивидуален истражувач и соработник во истражувачки тимови, објавување на трудови и презентирање на трудовите на меѓународни конференции. Од 2016 г. активно учествува во повеќе научно-истражувачки и апликативни проекти од кои како поважни можат да се истакнат европските проекти: INFRANAT–Increased Resilience of Critical Infrastructure to Natural and Human-Induced Hazards (2018-2019) и SERA – Seismology and Earthquake Engineering Research Infrastructure Alliance for Europe (2018-2021). Во текот на неговата професионална кариера има учествувано на неколку курсеви и работни престои меѓу кои како поважни се: Вајмар, Германија (2017г.), Павиа, Италија (2019г.) и учество на онлајн курсот организиран од ЏРЦ лабораторијата во Испра, Италија (2021г.). Исто така, се бави и со изработка на мислења за проектиран степен на конструкции на дневна основа, како и изработка на сеизмичка процена на постоечки конструкции. Има публикувано повеќе од 15 научни трудови на меѓународни конференции и списанија и повеќе од 100 стручни извештаи. Учествувал на повеќе од 10 меѓународни конференции на кои презентирал свој труд, меѓу кои се издвојуваат конференциите во: Порто, Португалија (2017г.) Солун, Грција (2018г.), Копенхаген, Данска (2019г.), Загреб, Хрватска (2021г.), Шефилд, Обединето Кралство (2021г.).