За применувачката дејност

Институтот континуирано ги применува сознанијата од научноистражувачката дејност во професионалната инженерска пракса во проектирање и градење современи конструкции отпорни на земјотрес. Со своите ангажмани , експертски и консултантски услуги, ИЗИИС има забележително присуство како во нашата држава така и на  меѓународниот пазар (Обединетите Арапски Емирати, Канада, Турција, Австрија, Германија, Велика Британија и др.).

Области

Ангажманите најчесто се поврзани со следните области :

  • Регионални и детални студии за сеизмички хазард;
  • Студии за анализа и обработка на регистрации од силни земјотреси, проектирање и одржување на мрежи;
  • Геофизички истражувања за карактеризација на тло со примена на различни методологии;
  • Микрореонирање и определување на сеизмички потенцијал на локации со изработка на сеизмички проектни параметри;
  • Анализа на геотехнички хазарди, свлечишта, ископи, подземни промени на подземното ниво на вода, појава на ликвифакција итн.;
  • Проектирање на нови објекти од посебно значење, сеизмичка сигурност и безбедност, рехабилитација, пренамена, надградба, реконструкција или зајакнување на постојни објекти за кои се потребни низа претходни експериментални, лабораториски и теренски истражувања и последователни продлабочени анализи на нивното однесување за време на земјотрес;
  • Проектирање и анализа на АБ и челични конструкции: мостови, брани, индустриски хали, силоси, оџаци, различни енергетски објекти, специфични високи објекти и др.;
  • Истражувањa на системи за сеизмичка изолација, применливи за сеизмичка изолација на нови и ревитализација на постојни мостовски конструкции и објекти;
  • Тестирање на мостовски конструкции со пробно оптеретување;
  • Дијагностика, зајакнување и реконструкција на инженериски конструкции;
  • Експериментални истражувања за сеизмичка квалификација, испитување на нови материјали и методологии за сеизмичко зајакнување на конструкции;
  • Експериментали истражувања за верификација и калибрација на новоразвиени софистицирани нумерички модели за разни типови конструкции;
  • Испитување и практична примена на нови технологии за управување со одговорот на конструкциите при дејство на земјотреси и други динамички дејства, во насока на изградба на современи-модерни и посигурни објекти;
  • Интегрирање на заштитата на културното наследство во националните и регионални програми во рамките на политиките за намалување на последиците од природните катастрофи;
  • Сеизмички мониторинг на објекти (брани, мостови, високи згради и др.) за обезбедување на податоци за одговор на конструкција и верификација на сеизмичките параметри;
  • Регионални и детални студии за сеизмичка повредливост и ризик;
  • Препораки за планирање, проектирање и градење во сеизмички активни региони, заштита од природни и технолошки катастрофи, изготвување и усовршување на техничката регулатива, стандарди и прописи за асеизмичко проектирање на конструкциите.

Во перидот од 2010 година до денес, ИЗИИС реализирал преку 600 апликативни проекти од кои голем број претставуваат инженерски предизвици на национално, регионално и меѓународно ниво. Плодната соработка со големи интернационални компании како: Limak, Max Aicher, Cevahir, Lindner, Siemens, Kinemetrics, Rade Koncar, TAV, Put Inzenjering, Irgo, Arup, Gerb, Rofix, Johnson Matthey, IDOM и др., само го потврдува меѓународното реноме на ИЗИИС како проверен и баран партнер.

Галерија на фотографии од применувачката дејност