МЕМОРАНДУМИ ЗА СОРАБОТКА

Од своето формирање па до денес Институтот остварува континуирана меѓународна соработка со бројни институции и универзитети ширум светот. На тој начин го потврдува едно од основните начела на ИЗИИС за постојана промоција и надградување на научно-истражувачките и образовните капацитети. ИЗИИС е дел од програмите за размена и мобилност на академски кадар и студенти (ERASMUS, TEMPUS, DAAD) реализирајќи соработки со мултидисциплинарна содржина со единствена цел-изградба на посигурно општество за сегашните и идните поколенија.

Само во периодот од 2016 г. до денес, потпишани се 16 нови меморандуми за соработка со:

Во рамките на ERASMUS програмата, меморандуми за соработка со:

ИЗИИС беше иницијатор за потпишување на договор за соработка помеѓу Универзитетот во Павиа, Италија и Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје.

Институтот е во последната фаза во официјализирање на високото признание од страна на UNESCO односно назначување на ИЗИИС како категорија 2 Институт под закрила на UNESCO.