Самоевалуацијата претставува континуиран процес на следење и проценка на квалитетот на високообразовната и научноистражувачката дејност, управувањето, финансирањето, материјално-техничките и академските капацитети и другите активности на ниво на Институтот. Самоевалуацијата се спроведува преку евалуација на студиските и предметните програми и на процесите на настава и учење, како и преку оценка на обемот и квалитетот на научно-истражувачката дејност и нејзиното место и улога во наставно-образовниот процес и пошироко. Самоевалуацијата на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) е дел од процесот за евалуација на неговиот квалитет и е дел од постапката на акредитација според законските акти на Р.С. Македонија. Нејзините три основни цели се:
- да претстави краток и содржаен преглед на наставно-образовниот процес, просторните можности и опременоста на Институтот, научно-истражувачката работа, оспособеноста и активностите на студентите, и организационата поставеност и функционирањето на Институтот;
- да ги анализира добрите и слабите страни на Институтот при вршење на високообразовна и научна дејност и да предложи корективни мерки; и,
- да обезбеди основа која ќе послужи за вршење на самоевалуацијата што ја спроведува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и негова акредитација.
Процесот на самоевалуација се реализира од страна на Комисијата за самоевалуација.
- 2017 г.
- 2020 г.
- 2024 г.