НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

За достигнувањата и напорите во градењето на сеизмички безбедно општество и успешната соработка со разни институции, организации и компании, во текот на своето постоење, Институтот е добитник на бројни награди, признанија и благодарници, од кои како поистакнати можат да се издвојат следните:

Ноемвриската награда на Градот Скопје

за постигнати резултати во изградбата на Скопје (1968)

11 Октомвриската награда

како највисоко општествено признание за особено значајни остварувања во науките од интерес на државата (1974)

Наградата АВНОЈ

како вонредно општествено признание за творештвото и работата од општо значење за државниот развој во областа на техничките науки (1982)

Национална награда 19 Септември на Мексиско

за придонесот на Институтот во солидарноста после земјотресите од 19 и 20 септември 1985 г. (1985)

Орден за заслуги за Македонија

доделен од претседателот С. Македонија (2015)