ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ГЕОФИЗИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА

Лабораторијата за геофизички истражувања во ИЗИИС се состои од  опрема и инструменти за реализирање на разни истражувања во полето на инженерската сеизмологија, инженерска геофизика, геотехниката и други области. Лабораторијата во моментов располага со следнава опрема: 

SoilSpy Rosina, 33 канален дигитален сеизмограф, MOHO, Италија.  Се користи за истражувања со примена следните методи: 

  • Истражувања кои се засноваат на анализа на ширење на P и S сеизмички бранови: Сеизмичка рефракција (конвенционален и томографски пристап) и сеизмичка рефлексија 
  • Методи на површински бранови: пасивни (fk, SPAC, пасивна MASW,  REMI) и активни методи  (MASW, SASW), кои се засноваат на дисперзивните карактеристики на површинските бранови 

AKULA -9000C – Повеќеканален георадар (до 16 канали) компатибилен за антени со централна фрекфенција  од 10-4000MHz  

GCB-300 – Ground coupled антена од 307 MHz централна фрекфенција за истражувања до 8м длабочина 

GCB-1000 – Ground coupled антена од 1000 MHz централна фрекфенција за истражувања до 1.5м длабочина 

GEKKO-60-SR – Airborne антена од 65 MHz централна фрекфенција за истражувања до длабочина од 30-50м 

TROMINO® (5) – 3-компонентален сеизмометар, MOHO, Италија. Се користи за истражувања со примена следните методи: 

  • H/V техника: Пресметка на Vs30 со моделирање на  H/V крива 
  • Истражувања со примена на  2D сеизмички распореди за Vs моделирање на тлото  

Напреден сет кој се состои од сеизмички land streamer и Tromino Blu, кој може да се применува при истражувања со примена на различни сеизмички методи со комбиниран пристап или секој систем засебно.

Сеизмички Land streamer

Сеизмички Land streamer претставува повеќеканален сеизмички распоред чиј дизајн е инспириран од сеизмичките системи за аквизиција на водени површини.

Клучни компоненти на системот се дигитален повеќеканален сеизмички систем, геофони, плочки за фиксирање на геофоните, лента за влечење (на која се фиксирани оптичкиот кабел со дигитализатори и геофоните) и крила (за стабилизирање на геофоните и одржување на нивната положба при поместување).

Овој концепт овозможува побрзо поставување и собирање на сеизмички податоци во споредба со традиционалниот начин на аквизиција, така што геофоните не треба рачно да се поставуваат. На овој начин се овозможуваат високо-продуктивни сеизмички истражувања, и брзо собирање на голем број податоци, без загрозување на квалитетот на податоците

Системот е особено ефективен за истражувања со примена на 2D MASW и сеизмичка рефлексија, каде што најчесто се применува ‘roll-along’ техниката.

УРЕД ЗА РАДИО АКТИВИРАЊЕ НА СЕИЗМИЧКИ СИСТЕМ

Безжичниот тригер претставува радио уред кој трансмитира импулс до сеизмичкиот систем преку радио антена, кога нивото на прагот на побуда е надминато.

Овој уред се користи за активирање на повеќеканалниот дигитален систем, како и за сеизмичкиот систем Tromino Blu.

TROMINO BLU

Сеизмички систем за карактеризација на тло, со примена на методите HVSR, MASW, Seismic Arrays и др. активни и пасивни методи, составен од следните компоненти:

  • 3 компонентален велосиметар (прилагодлив динамички опсег и осетливост): од микротремори  (до ±0.5mm/s) до силни вибрации  (до ± 5 cm/s)
  • 3 компонентален акцелерометар (± 2g)
  • 1 аналоген канал (надворешен тригер за MASW и сеизмичка рефракција)
  • GPS приемник со внатрешна и надворешна антена за позиционирање и синхронизација на повеќе уреди.
  • Вграден радио модул за синхронизација на повеќе уреди и алармирање (сигнал над прагот на побуда)

TROMINO BLU системот вклучува и Bluetooth систем за трансмисија, овозможувајќи да биде управуван од мобилни уреди, со можност и за гласовни наредби. Оваа функција е особено корисна за тешко достапни локации.