Сеизмички скрининг на Македонска академија на науки и уметности (МАНУ)
Зад нас се неколку извонредно интензивни денови исполнети со интересни едукативни работилници за најмладите. Нашата цел за обезбедување на благосостојба и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните не води понатаму.
Во наредниот период активностите под мотото „ИЗИИС за СКОПЈЕ“ ги насочуваме на проценка на сеизмичката сигурност и безбедност на три објекти кои се од особен интерес на градот Скопје: Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ), Музеј на град Скопје и Македонска Радио Телевизија, симболи на пост-земјотресно Скопје.
При тоа:
- Правиме преглед на достапната техничка документација
- Вршиме детален визуелен преглед и контролни мерења на објектот
- Дознаваме повеќе детали за објектите од имателите
- Спроведуваме експериемнтално истражување на селектирани репрезентативни носиви елементи со примена на опрема за недеструктивни тестови
- Пополнуваме ИЗИИС-образец за брза проценка на сеизимичка сигурност и безбедност
Кои инструменти ги користиме?
- Склерометар за утврдување на цврстината на бетонот
- Ултрасоничен инструмент за утврдување на цврстината на бетонот по пат на мерење на брзината на ултразвукот низ внатрешноста на елементот
- Профометар за детекција на распоредот и големината на арматурните прачки и дефинирање на дебелината на заштитниот слој бетон
- Инструмент за определување на динамичките карактеристики по пат на мерење на вибрациите на обејктот од амбиентални влијанија.
Која е нашата цел?
- пред-земјотресна проценка на отпорноста на објектите со што придонесуваме за осознавање на нивото на безбедноста на граѓаните и материјалните добра
- ублажување на ризикот и економските загуби преку превентивни активности кои обезбедуваат информации за носење одлуки врз основа на фактичка состојба на објектите