ЈУОД Орце Николов

Едукативната работилница со учениците од ЈУОД „Орце Николов“- Карпош, Скопје, 4 мај 2023

Тимот на ИЗИИС ја препознава вредноста на рана едукација и со таа причина ги вклучува и најмалите во своите посебно дизајнирани едукативни посети.

На дневниот ред на нашата програма за 04.05.2023, беа децата од предшколска возраст од градинката „Орце Николов“ – Карпош, каде најмладите ученици имаа можност да го истражуваат фасцинантниот свет на земјотресите преку забавни и динамични презентации и активности.

Преку визуелни помошни алатки и практични демонстрации ги запознаваме со концептот земјотрес и на начин соодветен на возраста се фокусираме на теми безбедност, отпорност и подготвеност.