Креативните едукативни работилници кои ги организираме под мотото „ИЗИИС за СКОПЈЕ“ ги продолживме на 3.5.2023 год., со учениците од 8-мо и 9-то одделение во ООУ ,, Лазо Трповски”- Карпош. Со овие активности ја одбележуваме 60 годишнината од Скопскиот земјотрес, ги запознаваме учениците за влијанието на земјотресите и го поттикнуваме нивниот интерес за оваа тема.
Во рамките на работилницата, учениците имаа прилика да дознаат малку повеќе за земјотресот како природна појава, самостојно да изведуваат истражувачки активности и преку интерактивни методи на работа да заклучат кои објекти се сеизмички побезбедни. Практичните и впечатливи алатки кои ги користеа при истражувањето ја поттикнаа нивната љубопитност, самостојност и логичкото размислување. Со тоа го поддржуваме развојот на интересот кај учениците за СТЕМ образовниот пристап.
Особено внимание заслужуваат впечатоците на учениците кои навистина вредат да се споделат:
Презентацијата за земјотреси која беше оддржана во ООУ„ Лазо Трповски“, мене многу ми се допадна. Таа ги опфати внатрешноста на Земјата, што се земјотреси, како да се заштитиме од земјотресите, посебно ми се допаднаа моделите од градби за време на земјотрес. Ни покажаа и повеќе видеа за време земјотреси во училиште и што треба да се прави за да се заштитиме. Мене овој настан за одбележување на 60 години од скопскиот земјотрес, многу ми се допадна и ми помогна во проширување на знаењата од темата земјотреси.
Галена 8-б одд.
Моите впечатоци од презентацијата на ИЗИИС на темата земјотреси се многу позитивни. Ми се допаѓа многу тоа што покрај предавањето, професорите успеаа темата да ја направат забавна. Повторивме, научивме како доаѓа до земјотрес, како се манифестира, колку видови на земјотреси постојат односно како се делат, како се мерат со кои скали и.т.н Од презентацијата научив нешто повеќе на пример, каков тип на зграда е по безбеден во случај на земјотрес, но и како и каде е потребно да се засолнам во случај на земјотрес. Како се мери јачината на замјотресот, што е Рихтерова скала, а што Меркалиева скала. Ги проширивме знаењата стекнати на часовите по географија. Што треба да правам а што не, како на пример да не користам лифт, скали, да не изегувам на тераса. Пред сè да најдам некој столб или да се сокријам под маса и да ја покријам главата. Се дискутираше и за други интересни теми.Покрај тоа ми се допадна и можноста од професорите да им поставуваме прашања кои не интересираат, со тоа тие успеаа да ги вклучат сите деца. На крај на нивната презентација ни поклонија интересни свирчиња и привезоци за клучеви на кој што ги пишуваше упатствата за засолништво. Јас морам да бидам искрен и да кажам дека оваа презентација колку беше информативна, корисна, исто толку беше и забавна.
Марко 9-б одд.
Мене презентацијата на ИЗИИС ми остави голем впечаток бидејќи научив многу работи кои што претходно не ги знаев како на пример: дека кога има земјотрес не треба да застануваме под врата, туку треба да се заштитиме со тоа што ќе ги ставиме рацете на нашата глава и ќе седнеме под масата. Научив дека без разлика на големината на зградата при земјотрес таа може да се ниша бидејќи не е направена од квалитетен материјал. При земјотрес не треба да паничиме и треба да се засолниме на безбедно место каде што нема да се повредиме.
Лина 9-б одд.
Многу сум задоволна од презентацијата која содржеше важни информации, корисни за нас учениците. Најважно што научив како да се заштитам од земјотресите, без паника и да бидеме смирени каде и да се наоѓаме. Преку моделите кои ни ги прикажаа визуелно видовме и осознавме како вијаат земјотресите на објектите, како да бидат побезбедни. На пример, интересно ми беше онјаснувањето кој ојектот ќе биде пооштетен во однос на висината на зградите, стабилноста, квалитетни материјали и.т.н.
Ања 8-б одд.
Сигурна сум дека луѓето кои ја направија презентацијата работеа многу напорно за да биде информативна и привлечна. Важно е да ги препознаеме нивните напори и да им се заблагодариме што го споделија своето знаење со другите. Без нивната напорна работа, многумина од нас не би имале можност да учат за важни теми како за оваа, земјотресите.
Што се однесува до она што научивме, сигурна сум дека имаше многу нови работи што ги откривме за време на презентацијата. Земјотресите се природни појави и секогаш има повеќе што да се научи за нив. Се надевам дека новите работи што ги научивме ќе ни помогнат подобро да ги разбереме земјотресите и нивното влијание врз светот околу нас, но и како да се заштитиме.
Генерално, мислам дека е прекрасно што имавме можност да присуствуваме на презентацијата за земјотресите. Важно е да продолжиме да учиме и да го шириме нашето знаење за сеизмологијата. Благодарност за приликата што ни ја овозможи професорката по географија и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.
Јована 8-б одд.