ООУ Киро Глигоров

Едукативната работилница со учениците од ООУ „Киро Глигоров”- Капиштец, Скопје, 10 мај 2023

На 10.05.2023 год. во ООУ ,, Киро Глигоров”- Капиштец со учениците од 8-мо и 9-то одделение ја организиравме петтата по ред интерактивна едукативна работилница под мотото „ИЗИИС за Скопје“, со цел да го поттикнеме нивниот интерес за оваа тема и да ја зголемиме свеста за заштита од земјотреси кај најмладите.

Учениците имаа можност да научат повеќе за земјотресите како природна појава, за нивното влијание и преку истражување, користејќи практични и едукативни алатки самостојно дојдоа до заклучок кои се генералните принципи на градење на згради отпорни на земјотрес. Со тоа, го поттикнавме нивниот интерес за концептот STEM (наука, технологија, инженерство и математика), кој ги подготвува новите генерации за иднина која постојано се трансформира.