Марија Витанова

Вонр. проф. д-р
Марија Витанова


+398-2-3107-743
marijaj@iziis.ukim.edu.mk

Д-р Марија Витанова (1979) дипломирала на Градежниот фалултет во Скопје на конструктивна насока во 2002 година. Во учебната 2003/2004 се запишала на втор циклус на интернационалните постдипломски студии на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во рамките на SEEFORM-програмата – DAAD (German Academic Exchange Program). Магистрирала во 2007 година во областа на земјотресното инженерство со потесна област сеизмичка изолација на објекти. Нејзиното пошироко поле на интерес опфаќа земјотресно инженерство, мостовски конструкции и инженерски објекти, додека нејзина потесна област на истражување е проценка на повредливост на мостови, поле во кое во 2015 год. ја завршила својата докторска дисертација во рамките на DAAD/SEEFORM програмата. Д-р Марија Витанова, во моментов е вонреден професор во Институтит за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Предава два предмети во рамките на магистерските и докторските студии: „Мостови, транспортни и инфраструктурни системи“ и „Планирање и проектирање на транспортни системи и други инфраструктурни системи во сеизмички региони“. Вклучена во уште два предмети на трет циклус студии: „Санација и зајакнување на инженерски објекти“ и „Сеизмички хазард, повредливост и ризик“. Од 2003 год. активно учествува во повеќе научно-истражувачки и апликативни проекти од кои како поважни можат да се истакнат SUBSHAKE финансиран од Германската фондација за истражување (2006-2008), NATO ISUbridge SfP 983828 (2010-2013), INFRA-NAT – Increased Resilience of Critical Infrastructure to Natural and Human-Induced Hazards (783298 – INFRA-NAT – UCPM-2017-PP-AG), финансиран од програмата EC DG-ECHO (2018-2019). Активно учествува и во Европскиот проект Comprehensive RISk assessment of basic services and transport InfraStructure (CRISIS), European Union Civil Protection Mechanism Project (101004830 | UCPM-2020-PP-AG 2020-2022). Раководител е на проектот „Методологија за предвидување на однесувањето на армиранобетонски мостови под дејство на експлоатациони и сеизмички оптоварувања користејќи експериментален и аналитички пристап“, Научно-истражувачки проект финансиран од УКИМ за 2020г. Активно е вклучена во организација на семинари и работилници за учениците од основните и средните училишта со цел подигнување на јавната свест за заштита од земјотреси како и тренинзи и пост-земјотресните мисии. Има објавено голем број научни трудови на национални и меѓународни конференции и за списанија а автор е и на бројни стручни извештаи. Координатор е на работата на стручни комисии и работни групи при изработка на мислења за проектиран и изведбен степен за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбите во Република С. Македонија.
Д-р Марија Витанова е добитник на признание од Друштвото на градежни конструктори на Република С.Македонија – ДГКМ за особено достигнување во градежното конструкторство и признание за особено конструкторско остварување во областа на науката во 2015 година за самостоен научноистражувачки труд – докторската дисертација. Член е на Македонската асоцијација за земјотресно инженерство МАЕЕ и Европската асоцијација за земјотресно инженерство ЕАЕЕ. Член е и на работни групи и активности за усвојување на националните анекси за нашата земја во Европските стандарди (EUROCODES). Член е во Научниот колегиум на втор циклус студии во ИЗИИС. Заменик раководител е на Одделението за градежништво во Комората за овластени атхитекти и овластени инженери. Раководител е на Центарот за кариера на ИЗИИС и е член на Универзитетскиот Сенат на УКИМ.