М-р Елена Делова, дипл. град. инж., ги започнала своите додипломски студии во академската 2011/12 год. на Градежниот факултет во Скопје, насока: конструктивна. Дипломирала во јануари 2016 година. Во учебната 2016/2017 се запишала на втор циклус на постдипломски студии на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Во рамките на магистерските студии, во 2017 год., има остварено петмесечен престој во рамките на Ерасмус+ програмата на Универзитетот Фередико II, во Наполи, Италија. Се стекнува со звање магистер на науки од областа на земјотресно инженерство во август 2019 година, со наслов на тема „Анализа и проектирање на стабилни и економични армирано бетонски објекти со контролирано и диригирано дуктилно однесување за градба во сеизмички активни региони“. Од октомври 2019 година e запишана на Школата на доктроски студии на ИЗИИС. Професионалниот работен ангажман во ИЗИИС го започнува во 2016 год., со запишување на втор циклус студии. Oд почетокот се до моментов е надворешен соработник, помлад истражувач во ИЗИИС и е дел од Одделот за Конструкции на згради и материјали: проектирање, анализа и тестирање. Во рамките на работните ангажмани во одделот активно учествува во научно-истражувачки активности, асистенција и надзор во областа на земјотресно инженерство, преку анализа на конструкции, асеизмичко проектирање, оцена на сеизмичка стабилност на постојни објекти, дијагностика на конструкции, санација и зајакнување на конструкции, пост-земјотресни мисии со процена на штети и елиминирање на последиците од природни катастрофи. Во текот на работата во ИЗИИС, активно е вклучена во стручно-апликативната работа на УКИМ-ИЗИИС, со вклучување во голем број на апликативни проекти во рамките на одделот. Исто така дел е од тимот за реализација на неколку научно-истражувачки проекти. Учествува во изработката на инструкциски материјали за контрола на проектна документација изработена со примена на Еврокодовите (ИЗИИС). Била учесник во повеќе семинари, обуки и школи, од кои издвоени се: Eurocodes Balkan Summer School 2021, летна школа организирана од European Commission’s Joint Research Centre (JRC) и BIM FOR ENGINEERS 2020, летна школа ораганизирана од Универизтетот во Сплит. Како автор или ко-автор објавила голем број научни трудови во областа на земјотресното инженерство, на национални и меѓународни конференции. Во мометнов член е на Македонската асоцијација за земјотресно инженерство (МАЕЕ), и Националниот комитет на меѓународниот совет за споменици и локалитети (ICOMOS).