Александар Журовски

Асист. м-р
Александар Журовски


+398-2-3107-769
zurovski@iziis.ukim.edu.mk

М-р. Александар Журовски (роден 23.08.1989) дипломира на градежниот факултет во Скопје, на катедрата за бетонски и дрвени конструкции во 2012 година. Во академската 2012/2013, се запишува на втор циклус на студии на Интернационалните постдипломски студии во Институтот за Земјотресно Инженерство и Инженерска Сеизмологија (ИЗИИС). Во периодот Септември 2013- Февруари 2014, тој е ЕРАСМУС студент на студиската програма ERASMUS LLL на универзитетот Федерико II во Неапол, Италија. Во 2015, ги завршува своите магистерски студии во областа на Земјотресно Инженерство, во потесна област проценка на однесување на постоечки АБ конструкции на дејство на земјотрес. Во 2015, се запишува на докторските студии во ИЗИИС и моментално работи на неговата докторска теза во областа на мониторинг на состојба на конструкции, потесна област: евалуација на оштетувања на конструкции од високоградба со примена на сеизмичка интерферометрија. Во 2016, работи како Асистент истражувач на PolyU Универзитетот во Хонг Конг. Неговата поширока област на интерес вклучува земјотресно инженерство, експериментално тестирање и анализа на конструкции, додека поспецифична област на истражување му е анализа на постоечки конструкции и мониторинг на состојба на конструкции. Во моментот, м-р Александар Журовски е асистент во ИЗИИС, универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје во одделот за згради и материјали: проектирање, анализа и тестирање. Од 2012, активно учествува во бројни интернационални летни школи (Eurocodes Balkan Summer School 2021, APESS 2019, BAUHAUS SS 2017), кратки и долги курсеви (EU4TECH WB 2019, SARCOS COST- RILEM Course 2018), семинари, работилници и вебинари во областа на земјотресно инженерство. Има учествувано во поголем број национални и интернационални конференции каде има објавено повеќе од 20 научни трудови. Активно е вклучен во стручно-апликативната работа на УКИМ-ИЗИИС, како и во работата на стручни комисии и работни групи при изработка на мислења за проектиран и изведбен степен за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбите во Република С. Македонија. Член е на Македонската асоцијација за земјотресно инженерство МАЕЕ, Европската асоцијација за земјотресно инженерство ЕАЕЕ како и Комората на овластени инженери и архитекти на Република С. Македонија (КОАИ). Активно се служи со англиски и шпански јазик.