ОРГАНИЗАЦИЈА

Шема на организациска поставеност

Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) е научноистражувачка и високообразовна установа, единица во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Институтот врши високообразовна дејност од втор и трет циклус студии, научноистражувачка и применувачка дејност во научноистражувачките области земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, како и во сите научни полиња што се во врска со основната дејност на Институтот.

Согласно Статутот на ИЗИИС, основната дејност на Институтот е организирана во 6 оддели, 5 лаборатории и 1 центар за меѓународна соработка. Остварувањето и реализирањето на основната дејност е поддржано од стручната и административна служба на Институтот. Со Институтот раководи Директор со двајца заменици преку органите на Институтот: Научен совет и Институтска управа.

Во ИЗИИС има 73 вработени, од кои 20 се наставно-научен кадар, 18 соработнички кадар, 15 административен и помошно-технички кадар и 20 договорно ангажирани стручни, административни и помошно-технички соработници.

Табела на кадровска поставеност