Едукативната работилница со учениците од ООУ „Коле Неделковски”, Скопје,
29 мај 2023
Ја заокружуваме едукативната програма со последната интерактивна работилница во ООУ „Коле Неделковски“. Учениците имаа можност да научат повеќе за земјотресите како природна појава, за нивното влијание и преку истражување, користејќи практични и едукативни алатки, самостојно дојдоа до заклучок кои се генералните принципи на градење на згради отпорни на земјотрес.Нашата мисија во едуцирање на младите не завршува тука. Ќе продолжиме да го споделуваме нашето знаење и да побудуваме љубопитство за сеизмологијата и концептот STEM (наука, технологија, инженерство и математика), со надеж дека и понатаму ќе инспирираме дел од младината да се насочи кон овие области.