Др. Влатко Шешов работи во ИЗИИС од 1994 година. Негова експертиза се: динамика на почви, ликвифакција и нејзино подобрување, локални почвени ефекти, сеизмичко зонирање, физичко моделирање и испитување. Влатко Шешов беше докторски и пост-докторски истражувач на универзитетот во Токио, Јапонија (2003 – 2005), визитинг професор во „Рур“ Универзитетот во Бохум, Германија (2008-2009), добитник на Фулбрајт грант , Универзитет на Калифорнија Дејвис (2013-2014), САД, визитинг професор на “ROSE School”, IUSS, Pavia, Италија (2020). Тој е поранешен претседател Друштвото на ДГМ – за геотехника на Македонија и претставник од Македонија во Техничкиот комитет (TC203) – Earthquake Geotechnical Engineering and Associated Problems of the International Society for Soil Mechanics and Geotechnical Engineering, ISSMGE и член во Технички комитет во Европски комитет за стандардизација за Еврокодови (TC 205). Проф. Шешов има учествувано во бројни европски проекти: CRISIS – Comprehensive RISK assessment of basic services and transport InfraStructure – CRISIS (2020-2022, како координатор, INFRA-NAT – Increased Resilience of Critical Infrastructure to Natural and Human-Induced Hazards (2018-2019) како национален координатор. Интензивната активност во поглед на можностите na Европските проекти ја потврдува и како Национално контакт лице за Widening Participation and ERA, за Хоризон Европа. Моментално проф. Шешов е на позиција директор на ИЗИИС.