Институтот за земјотресно инженерство и инженерска
сеизмологија (ИЗИИС) е научноистражувачка и високообразовна установа како
единица во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Институтот врши високообразовна дејност од втор и трет
циклус студии, научноистражувачка и применувачка дејност во
научноистражувачкото подрачје земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија,
како и во сите научни полиња што се во врска со основната дејност на
Институтот.
Институтот работи под назив: Република Северна
Македонија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Институт за
земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – Скопје. Скратениот назив на
Институтот е: Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, ИЗИИС– Скопје.