ЧЛЕНСТВА

Институтот во текот на своето постоење бил, но и денес, е член во голем број на тела, организации и асоцијации, допринесувајќи за јакнење на капацитетите на национално и светско ниво во разните сегменти на науката и праксата. Во моментот, Институтот членува или активно придонесува во работата на:

  • Центарот за управување со кризи при Владата на С. Македонија
  • Дирекцијата за заштита и спасување
  • Институтот за стандардизација на Република С. Македонија
  • Македонската асоцијација за земјотресно инженерство (членка на Европската и Светската асоцијација за земјотресно инженерство)
  • Друштвото на градежните конструктори на Македонија
  • Друштвото за геотехника на Македонија
  • Македонски комитет за големи брани (MACOLD)
  • Националниот комитет на ИКОМОС – Македонија
  • European Facilities for Earthquake Hazard and Risk (EFEHR)
  • Earthquake Engineering Field Investigation Team (EEFIT)
  • CEN TC250 Structural Eurocodes (национален делегат од ИЗИИС)