Наслов: Сигурност во секоја секунда: Нова генерација на систем за сеизмичко следење
Почеток: 01.09.2025г.
Крај: 31.10.2026г.
Вкупен буџет (МОН+сопствено учество): 7.502.000 ден. – Министерство за образование и наука (МОН) 6.820.000 денари и сопствено учество (ИЗИИС) 682.000 денари
Главни цели на проектот:
- Развој на техничка инфраструктура за мониторинг на капитални објекти (брани, оџаци, згради, мостови, културно-историски споменици) во сеизмички активни подрачја, преку дизајн и имплементација на иновативен систем (инструмент и софтвер) за мерење на силни потреси и амбиентални вибрации. Покрај мерење на силни потреси, системот ќе овозможи и одредување на динамичките карактеристики на објектите, што е клучно за следење на состојбата на објектите за време на нивната експлоатација.
- Практично тестирање на системот преку пилот-имплементација на пет капитални објекти во Северна Македонија од различен тип: брана, мост, разладна кула, рудник и јавен објект со класичен конструктивен систем. Активностите ќе придонесат и за зајакнување на соработката меѓу научните институции и јавниот и приватниот сектор.
- Подигнување на свеста кај институциите и јавноста за значењето на превентивниот мониторинг, како и обезбедување едукација и задржување на домашен технички кадар преку академско-стручна мобилност и практична примена.
Проектен тим
ИЗИИС
- Доц. д-р Ангела Попоска – координатор; angela@iziis.ukim.edu.mk
- Проф. д-р Александра Богдановиќ – носител на проектот; saska@iziis.ukim.edu.mk
- м-р Игор Марковски; igorm@iziis.ukim.edu.mk
- Дејан Филиповски; dejan@iziis.ukim.edu.mk
- Доц. д-р Филип Манојловски; filipmanojlovski@iziis.ukim.edu.mk
- Асист. м-р Антонио Шокларовски; antonio@iziis.ukim.edu.mk
Македонска асоцијација за земјотресно инженерство (МАЕЕ)
- Проф. д-р Зоран Ракиќевиќ; zoran_r@iziis.ukim.edu.mk
Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
- Проф. д-р Зоран Ивановски; zoran.ivanovski@feit.ukim.edu.mk
- Асист. м-р Никола Јовановски; jnikola@feit.ukim.edu.mk
- Петар Чурлинов; pchurlinov@hotmail.com
City St George’s, University of London
- Вон. проф. д-р Мигел Браво-Харо; miguel.bravo-haro@citystgeorges.ac.uk
Партнери
- Рударско-енергетски комбинат „Битола“ (РЕК Битола)
- Јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП)
- Рудник за олово и цинк САСА ДООЕЛ, Македонска Каменица
Корисни линкови:
Активности и временска рамка за реализација на проектот

Проектот е финансиран од Министерството за образование и наука на РС Македонија
