Александар Журовски

Доц. д-р
Александар Журовски


+398-2-3107-769
zurovski@iziis.ukim.edu.mk

Доц. д-р. Александар Журовски (роден 23.08.1989) дипломира на градежниот факултет во Скопје, на катедрата за бетонски и дрвени конструкции во 2012 година. Во академската 2012/2013, се запишува на втор циклус на студии на Интернационалните постдипломски студии во Институтот за Земјотресно Инженерство и Инженерска Сеизмологија (ИЗИИС). Во периодот Септември 2013- Февруари 2014, тој е ЕРАСМУС студент на студиската програма ERASMUS LLL на универзитетот Федерико II во Неапол, Италија. Во 2015, ги завршува своите магистерски студии во областа на Земјотресно Инженерство, во потесна област проценка на однесување на постоечки АБ конструкции на дејство на земјотрес. Во 2015 година, се запишува на докторските студии во ИЗИИС, а докторира во 2023 година на тема “Евалуација на оштетувања кај конструкциите од високоградба на основа на ширење на бранови со користење на методот на сеизмичка интерферометрија”. Во 2016, во период од 2 месеци, работи како Асистент истражувач на PolyU Универзитетот во Хонг Конг. Неговата поширока област на интерес вклучува земјотресно инженерство, експериментално тестирање и анализа на конструкции, додека поспецифична област на истражување му е анализа на постоечки конструкции и мониторинг на состојба на конструкции. Од октомври 2023, д-р Александар Журовски е избран за доцент во ИЗИИС, универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје во одделот за згради и материјали: проектирање, анализа и тестирање. Од 2012 година, активно учествува во бројни интернационални летни школи (Eurocodes Balkan Summer School 2021, APESS 2019, BAUHAUS SS 2017), кратки и долги курсеви (EU4TECH WB 2019, SARCOS COST- RILEM Course 2018), семинари, работилници и вебинари во областа на земјотресно инженерство. Има учествувано во поголем број национални и интернационални конференции каде има објавено повеќе од 30 научни трудови. Активно е вклучен во стручно-апликативната работа на УКИМ-ИЗИИС, како и во работата на стручни комисии и работни групи при изработка на мислења за проектиран и изведбен степен за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбите во Република С. Македонија. Член е на Македонската асоцијација за земјотресно инженерство МАЕЕ, Европската асоцијација за земјотресно инженерство ЕАЕЕ, Комората на овластени инженери и архитекти на Република С. Македонија (КОАИ) како и РГ2 при ТК40 при Институт за стандардизација на Република С. Македонија (ИСРСМ). Активно се служи со англиски и шпански јазик.