Одделот за конструкции на згради и материјали е примарно ориентиран кон наука, образование, применета дејност и консултантски услуги во домените на проектирање, дијагностика, санација, зајакнување и реконструкција на конструкции од високоградба отпорни на земјотрес, со примена на класични и иновативни техники и материјали.
Кадар







Активности
- Проектирање/Оцена на база на однесување на конструкции
- Современи материјали
- Иновативни конструктивни системи
- Неконструктивни елементи – интеракција со основен конструктивен систем
- Оригинални технологии со примена на современи материјали за санација и зајакнување на постојни објекти
- Истражувања за ре-евалуација на постојните и изготвување на нови национални анекси на Еврокодовите кои се однесуваат на сеизмичко проектирање на згради
- Пратење на состојбите, детекција на оштетување кај згради, историски објекти и споменици и мерки за конструктивна рехабилитација
- Анализа на објекти од високоградба изложени на експлозии, вибрации од сообраќај
- Одржливост и енергетска ефикасност на обејкти од високградба
- Building information modelling (BIM)
- Проектирање на нови сеизмички отпорни конструкции од високоградба
- Дијагностика, санација, конструктивно зајакнување, реконструкција, рехабилитација, доградби и надградби на постојни објекти од високоградбата
- Стручни мислења – експертизи за стабилност и сигурност на постојни објекти од високоградба за гравитациони и сеизмички влијанија
- Анализа на конструкции на објекти од високоградба: еластична, статичка и сеизмичка анализа, анализа на капацитет на носивост и деформабилност, нелинеарна статичка анализа, нелинеарна динамичка анализа за реални земјотресни записи
- Испитување на конструктивни елементи и конструкции во целина
- Стручни и консултантски услуги, ревизија на техничка документација, надзор над изведба на објекти, технички прием
Фотографии од научно-истражувачки и апликативни проекти и активности
Previous
Next